Пашоски и Митровски градат ефикасни системи за повеќе области (ВИДЕО/ФОТО)

Деновиве по повод неговиот 67 роденден д-р Славе Пашоски носител на мајсторски карате појас 8 Дан имаше интересен спаринг-тренинг со претседателот на Кик бокс маитаи федерцаијата на Македонија и селектор на репрезентацијата Дејан Митровски – Урко.

Многумина ќе се запрашаат која е нивната врска, однсно што имаат заедничко каратето и кикбосот? И двајцата се првенци во овие трофејни спортови во нашата земја, а д-р Славе Пашоски има големи заслуги во востанувањето и развојот на кикбоксот во нашата земја, бидјеќи покојниот Љупчо Неделковски е негов карате ученик кој доби несебична поддршка од својот мајстор.

„Секогаш има што да се научи нешто ново од постарите и поискусните. Мастер клас д- Славе Пашоски 8 Дан“, напиша Дејан Митровски – Урко на една од сликите.

„Соработката помеѓу јапонските вештини и техники од карате и многу други вештини и контактните вештини и спортови – кик бокс, фул контакт, тајландски бокс, мај тај … ги поврзуваат мајсторите д-р Пашоски и професор по физичка култура и магистер на правни науки, како и шампион и инструктор Дејан Митровски Урко. Многу базични техники од вештините се адаптираат во контактните вештини и натпревари и воведување наука од спортска медици и физичка култура, создаваат ефикасен систем, и како вештина и како спорт. Тука се соединуваат системите од мастер клас инструкторите Урко и Пашоски – ефикасни како спорт и тренинг вештини. А во натпревари, спорт, исто посебен пристап систем на самоодбрана, значи овие двајца мајстори градат ефекасни системи за повеќе области – спорт, војска, полиција, цивилна самоодбрана и обезбедувања“, вели Пашоски.

https://www.facebook.com/100000121316605/videos/4910560562291272/?extid=PP5bHHhYCRgw9C3R

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО