70-годишен дедо нокаутира противник и влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)

70-годишниот дедо влезе во Гинисовата книга на рекорди со неверојатна победа во боксот. Алберт Хјуз го нокаутира 43-годишниот Трамин Таунс. Со победата ветеранот го собори рекордот за најстар професионален боксер. Досега тој му припаѓаше на Стив Вард, кој во 2017 година се бореше на возраст од 60 години и 337 дена.

Дебито на Хјуз во професионалците беше во 1975 година. Тој редовно боксираше до 1979 година, а потоа неговите средби се намалија. Последен пат боксираше во 1983 година, но сега реши да се врати, по 36 години.

Во кариерата Хјуз има 11 победи, 7 порази и 4 нерешени.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=muVzaj2UWzw&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО