Сара Радичевска и Стоилов најдобри спортисти на Скопје за 2019-та (ФОТО)

Сара Радичевска од Карате клубот Макпетрол и Стојанче Стоилов од Ракометниот клуб Вардар се најдобрите спортисти за 2019 година на Градот Скопје.

Најдобрата спортистка Сара Радичевска го освои сребрениот медал на Европските Универзитетски Игри, а Стојанче Стоилов е капитен на РК Вардар, актуелен европски шампион.

Во изборот на петте најдобри се најдоа и борачите Могамедгаџи Нуров и Елмедин Сејфулаху, пливачот Евгениј Поп Ацев и каратистот Петар Заборски.

Кадетскиот европски шампион Бесир Алили од Боречкиот клуб Лирија е најдобар младинец, каратистот Петар Спасеновски е втор со златен медал од ЕП во У-21, па следува таеквондистот Филип Додевски од Бутел кој освои бронза на ЕП во У-21 и злато на Светското клупско првенство.

Pотоа следи каратистката на Макпетрол, Ангела Мојсовска, освојувајќи го петото место на Светското првенство во У-21 и бронзата на Европските универзитетски игри, а Миа Тодорова од Кик бокс клубот Шампион со бронзата на Светското првенство е петта.

Најталентирана младинка/кадетка е тенисерката Александра Симева. Наградата за најдобар тренер отиде кај Суфијан Исмаили, тренер во Лирија, ракометарот на Вардар, Даинис Криштопанс ја доби наградата за најдобар странец кој настапува во екипа од Скопје, а РК Вардар и оваа година е најдобриот спортски колектив од метрополата.

Во изборот најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби признанието му припадна на Марио Мицковски од Специјална Олимпијада за освоено прво место во пливање – 50 м. слободен стил и прво место во пливање – 25 м. грбно на Летни олимписки игри на Специјална Олимпијада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО