Џошуа е подготвен да прави спаринзи со Фјури, за да го победи во иднина

Ентони Џошуа ја прифати поканата на Тајсон Фјури за заедничко спарингување. Двете големи боксерски sвезди во тешка категорија се долгогодишни противници. Постојано се коментираат меѓусебно во интервјуа, а сите на Островот се сигурни дека ќе се борат, порано или подоцна.

„На крајот на краиштата, тоа ќе биде за моето искуство“, коментира Џошуа и додава: „Знам, кога ќе направам грешка, не ја повторувам. Кога ќе ги на правиме спаринзите, ќе направам белешки. И ќе бидам подготвен кога ќе боксираме. Многу луѓе велат дека не треба да го правам тоа, но никој не знае како работи мојот мозок. Кога велам дека ќе правам спаринг со Фјури, тоа е затоа што имам план во главата, којшто никој не го разбира“.

https://www.youtube.com/watch?v=s5gof0nX0QA&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО