Боречкиот клуб „7 Мај Леов“ од Прилеп го организира првиот меѓународен Kамп во борење, и во Прилеп и во Македонија во поново време.
„На кампот покрај борачите на 7 Мај ќе учествуваат и борачи на Раднички од Сомбор и Абони од Абони, Унгарија. Кампот ќе се одржи од 15 до 21 август и истиот ќе биде затворен со традиционалниот трети по ред турнир во борење слободен стил и во женско борење на 22 август. На турнирот, покрај споменатите клубови, ќе учествуваат уште борачи од Косово, Бугарија и од нашите Балканец, Лирија, Бучим, Неготино, ЖРК Борец од Велес и Спартак од Кочани“, изјави Сашо Игнатовски од „7 Мај Леов“.
ipon.mk/В.Д.