Руиз си купи автомобилиште по мечот со Џошуа (ВИДЕО)

Енди Руиз се појави како гостин на каналот Dank City YouTube каде се пофали со луксузните автомобили што ги поседува, од кои повеќето ги купил откако ja освои титулaта против Ентони Џошуа.

Руиз се пофали со два Мерцедеси, Ролс Ројс, Порше и Ферари. Неговиот татко еднаш коментирал дека загубил од Џошуа поради прекумерно трошење и забави и признава дека Руиз, кој бил дури за седум килограми потежок во реваншот отколку кога го нокаутирал Џошуа во Њујорк.

Слични се коментарите на луѓето кои ги погледнале автомобилите на Руиз, повеќето од нив велат дека тој треба да се врати на тренинг што е можно поскоро.

print