Избрани борачите кои ќе патуваат на Европските игри во Баку!

Vranezi so Mitrov i Korneev
Вранези, Митров и Корнеев

Јасин Реџелари (-61 кг), Дејан Митров (-65 кг), Халил Зубаиров (-84 кг) и Бобан Данов (-125 кг) се борачите во слободен стил кои ќе патуваат на првите Европски игри во Баку, Азербејџан.

Ова е решено по завршувањето на 39. „Македонски бисер“ во Радовиш во саботата. Во грчко-римски стил, најверојатно, ќе патува Тимур Хамикоев (-96 кг).

Vranezi i reprezentativcite vo pozadina

Селекторот на репрезентацијата во слободен стил, Лилзим Вранези, е задоволен од прикажаните борби на неговите избраници на Македонсиот бисер.

-Излезе онака како што планиравме со Николај Корнеев. Само малку потфрли Бобан Данов, кој по негова греша во последните 15 секунди загуби една борба откако водеше, – истакна Вранези и додаде дека утре репрезентативците патуваат на претпоследната фаза од подготовките во бугарскиот центар Тетевен, каде што ќе останат две недели. Последната фаза ќе биде или во Скопје или во Варна и ќе се избегнуваат борбите за да не се повредат борачите.

Zubairov vokategorija na Biserot

-На Европските игри се надеваме на добар пласман, минимум на пето место, – потенцира Вранези.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО