Ентони Џошуа падна пред претседателот на Нигерија (ВИДЕО)

Шампионот во тешка категорија Ентони Џошуа покажа голема почит спрема Мухамед Бухари, претседателот на Нигерија.

Шампионот и 77-годишниот претседател се сретнаа во Лондон, а Џошуа легна на земја за да покаже почит кон претседателот. Ентони ги покажа титулите и му вети на претседателот дека секогаш ќе биде на располагање на својата земја доколку тоа биде побарано од него.

Бухари му се заблагодари на Џошуа што Нигерија ја врати на картата на боксот, како што тоа го правеше Хоган Басси во минатото. За легнувањето на земја пред претседателот Џошуа доби многу пофалби, а го направи тоа за да покаже почит кон постарите.

Сепак, за други ова не беше добро прифатено и поранешниот министер Феми Фани-Кајод рече дека ваквото однесување е крајно одбивно и одвратно и дека повеќе не е обожавател на шампионот. Феми го критикувал и претседателот и го обвинил дека е жесток диктатор кој го малтретира и понижува својот народ.

https://twitter.com/saniology/status/1219010025580122113?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fboks-novini%2Fantani-dzhoshua-padna-na-zemyata-pred-prezidenta-na-nigeria
print