АктуелноБоксПрофесионален
Ортиз го предизвика Тајсон Фјури
Поранешниот предизвикувач за светската титула во тешка категорија Луис Ортиз – Кинг Конг го предизвика Тајсон Фјури. Кубанецот поканата за средбата ја објави на Твитер.
„Еј, Фјури, што ќе кажеш да се бориш со Луис Ортиз во твојот нареден меч. Да или не. Кинг Конг го предизвикува Тајсон Фјури“, се зборовите на Кубнецот.
https://twitter.com/kingkongboxing/status/1005859854236438528?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D729665
Следниот меч на Фјури се очекува да биде во средината на август. Сè уште не е јасно кој ќе е неговиот ривал. Поранешниот светски шампион по две и пол години пауза се врати во Манчестер оваа сабота. Лесно се справи со аутсајдерот Сефер Сефери.
.




