Бадр Хари гостин на Глори во Амстердам, во тек се преговорите за борба со Верховен

badr hari trening vo checenija

Глори следната сабота во Амстердам ќе го одржи својот 31 настан. На листата на гости е и Бадр Хари.

Иако од Глори во текот на минатите години зборуваа исклучително лошо за Мароканецот и говореа дека за некој како него нема место во нивната организација, сепак, се обидуваат да ја договорат најголемата борба во тешка категорија.

„Преговорите почнаа. Има добри шанси Рико и Бадр да се борбат еден против друг“, изјави тренерот на Верховен, Денис Краувел за Де Телеграф.

„Се надевам дека нема долго да чекаме за оваа борба. Што се однесува до нас, таа може да се одржи следната недела, но исто така разбираме дека мораме да имаме трпение. Оваа борба има моќ како ниту една друга“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО