15 вооружени лица го нападнале боксерот Дубоа: Тоа им била животна грешка – паѓале како круши! (ВИДЕО)

Иако роден во Кувајт, Мухамед Фадел Дубоа боксерската кариера ја градел под знамето на Ирска.

Позади семе има многу борби во рингот, но најголемата ја имал на улица.

Дубоа се присети на настанот од пред седум години. Како турист престојувал во Истанбул. Во момент кога на позната инстамбулска улица посакал од фижидер од продавница да земе шише вода, се случи наеднаш да испопаѓаат повеќе шишиња. Сопственикот на продавницата изреволтиран од тоа, тргнал со дрво на боксерот и така предизвикал тепачка која траела неколку минути. Дубоа наеднаш се најде опкружен од поголема група на луѓе која застана во одбрана на сопственикот на продавницата.

Поранешниот боксер им се спротистави на групата, така што првиот напаѓач го нокаутирал. После тоа, го напаѓаат уште двајца, едниот со стол, другиот со дрвен предмет. Меѓутоа не успеаја да го соборат.

https://twitter.com/FightHaven/status/1438626559842209794?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1438626559842209794%7Ctwgr%5E27c8ef800f435a7b1fca50ce1cd506be728f2da8%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmagazin%2Fzanimlivosti%2F15-naoruzeni-lica-napadnale-bokser-toa-im-bila-zivotna-greshka-pagjale-kako-krushi-video%2F

Откако видеото беше објавено на интернет, Дубоа веднаш вил уапсен од турската полиција, обвинет за напад и тешки телесни повреди.На судењето рекол дека само се бранел.

„Кога шишињата паднаа, човекот од продавницата се обиде да ме удри со дрвен предмет. Бев збунет. Потоа други тргнаа на мене. Еден од нив се обиде да ме избоди со нож во грбот. Знаев дека ќе бидам готов доколку паднам на земја“.
Турскиот судија го ослободи Дубоа од сите обвиненија поради самоодбрана, додека сопственикот на продавницата беше осуден на 3.5 години затвор кои во меѓувреме и ги одлежал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО