15-годишниот син на Витали Кличко го надрасна Валдимир (ФОТО)

Поранешниот светски шампион во тешка категорија и актуелен градоначалник на Киев Витали Кличко на својата страница на Инстаграм објави интересна фотографија. На неа, неговиот 15-годишен син Александар позира покрај брат му Владимир Кличко, исто така поранешен светски шампион во бокс.

На фотографијата се гледа дека тинејџерот е веќе повисок од неговиот чичко, кој е висок 198 см. А Витали Кличко е висок 201 см.

https://www.instagram.com/p/CCWP17vnTII/?utm_source=ig_embed

„Мојот мал син е веќе го надрасна помалиот брат. Засега, во растот (висината)“, напиша Витали на социјалната мрежа.

Витали Кличко последен пат се бореше во септември 2013 година. Тој има 45 победи и 2 порази. Владимир Кличко, кој не влегол во рингот од 2017 година, има 64 победи и 5 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО