На „Купот на Јадранот“ во Сплит, Хрватска, Џудо клубот „Миоки“ освои 14 медали, од кои 4 златни, 6 сребрени и 4 бронзени. Во вкупниот пласман Миоки е петти, зашто доби и пехар.
Медали за Миоки освоија во -У16 млади кадети: Хамза Јашари (69 кг) златен медал, Наталија Динова (52 кг) и Еди Шерифовски (73 кг) сребрни.
У18 кадети: Хамза Јашари (60 кг) златен медал, Наталија Динова (52 кг) и Еди Шерифовски (73 кг) сребрни, Никола Мајновски (60 кг) и Ратко Костовски (73 кг) бронзи.
Сениори: 52 Кристина Јазаџиќ сребрен медал, 52 Наталија Динова бронзен, 57 Берна Схерифовска златен, 63 Магдалена Бојаџиска сребрен, 70 Ангела Велковска сребрен, 60 Хамза Јашари златен. Артан Рушити (73 кг) го освои 5 место.
На турнирот учествуваа 52 клубови од 17 држави.
Ipon.mk/В.Д: