Царукјан до навивачите: Јас сум од Русија! Не се закачајте со мене!

Арман Царукјан го коментираше инцидентот на УФЦ 300 кога при влегувањето во октагонот започна тепачка со еден од навивачите.

Во Лас Вегас на УФЦ 300 Арман Царукјан со поделена одлука го победи поранешниот шампион на УФЦ до 70 килограми Чарлс Оливеира. Пред да влезе во кафезот Царукјан почна да се тепа со навивач кој му покажа среден прст и сакал да го удри со бокс.

Пред медиумите Арман проговори за инцидентот и ги повика навивачите да не се плеткаат со него.

„Ми го покажа средниот прст и се обиде да ме удри, а јас сакав да му возвратам. Јас сум од Русија, немој да го правиш ова. Во спротивно, ќе ме испратат во американски затвор“, изјави Царукјан по борбата со Чарлс Оливеира.

Арман има 22 победи и 3 порази во ММА. Тој се надева дека по оваа победа ќе добие шанса за титулата со Ислам Махачев. Тие се бореа пред неколку години, при што Махачев победи со одлука.

https://www.youtube.com/watch?v=WmdIn8WNLAw

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО