Бронза за Мила Рељиќ на Галеб Г2 Србија опен и нови поени за олимписката ранг-листа

Милијана-Мила Рељиќ освои бронзен медал на Меѓународниот таеквондо турнир „Галеб Г2 Србија опен“.

„Мила во првото коло беше поуспешна од Азербејџанката Мејлин Мамаџада со 2-0 во рунди. Во следното коло тесна победа над извонредната српска репрезентативка Ела Мариќ со 2-1 во рунди. Во борбата за медал Мила беше поуспешна од Иранката Хаџиџи Елхам со 2-0 во рунди. Во полуфиналето бевме запрени од Хрватката Хелена Кичема. Ова се нови 7,20 поени за светската и олимписката ранг-листа за Милијана. Ова е 3 медал оваа 2024-та по Турција Г1 опен и Скопје опен. На силниот Галеб Г2 опен учествуваше светската теквондо елита меѓу кои и 25 олимпијци“, вели тренерот Александар Ефтимов..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО