Американски аналитичар: Ако Пулев го победи Кличко-да не бидете изненадени

Кубрат Пулев може да го победи Владимир Кличко. И, тоа не треба да биде изненадување за никого. Ова го објави аналитичарот на интернет каналот Tstreet Controversy.

Klicko-Pulev

Според него, Пулев е еден од ретките боксери кои имаат шанси против Кличко.

„Пулев е добар. Понекогаш изгледа несигурен, но е добар. Видете го неговиот натпревар против Тони Томпсон. Обратниот гард на Томпсон му создаде проблеми, но освои поени. Ако Пулев загуби, тоа ќе биде поради замор. Кличко може да ви нанесе смртоносни удари. Ако не може, ќе ве држи, а тоа го прави со сигурност. Тој удира силно. Добра работа кај Пулев е што се бори со кренати раце, притоа има добра брзина и острина на ударите. Тој не е бавен боксер, кој оди само напред. Пулев е малку помал од Кличко. Главната работа е да ги избегне вистинските удари на Кличко. И, ако успее да го избегне држењето од страна на Кличко, тој има шанса да го нокаутира“.

„Владимир Кличко во март ќе наполни 39 години. Тој, 10 години не изгубил меч, а последниот боксер, кој имаше некакви шанси против него, беше Дејвид Хеј. Не велам дека Пулев има шанса. Но, велам дека, ако Кличко падне, тоа не треба да го изненади никого“​​, велат од каналот во својата прогноза за натпреварот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON