Илија Топурија доминираше против Џош Емет и ја продолжи победничката серија

Непоразениот Илија Топурија ја продолжи победничката серија. Грузиско-шпанскиот борец го победи Џош Емет со едногласна одлука во главната борба на УФЦ на АБЦ 5 настанот во Џексонвил.

Топурија доминираше против Американецот и убедливо стигна до 14. триумф во кариерата и шести во најголемата ММА организација, сите тројца судии бодуваа во негова корист: 50–44, 50–42, 49–45.

Ова е втор пораз по ред за Емет, откако загуби од Јаир Родригез со завршница во февруари во дуелот на привремен шампион во перо категорија.

Во конасловната борба Мејси Барбер ја совлада Аманда Рибас со прекин во втората рунда, тоа беше нејзина петта победа во низа.

Поранешниот американски фудбалер Остин Лејн во своето деби во УФЦ ненамерно го закачи со прстот окото на Џастин Тафа, па натпреварот беше прекинат.

На Тафа му беа дадени пет минути да се опорави, но бидејќи не беше подготвен да ја продолжи борбата, судијата означи крај, а натпреварот беше откажан.

Брендан Ален убедливо стигна до својата петта победа во низа. Американскиот борец го победи Бразилецот Бруно Силва со завршница (давење од позади) на крајот од првата рунда.

Давид Онама со нокаут во втората рунда го победи Габриел Сантос.

Резултати од настанот УФЦ на АБЦ 5:

Илија Топурија – Џош Емет – едногласна одлука (50–44, 50–42, 49–45)
Мејси Барбер – Аманда Рибас – ТКО (тупаници и лакти), Р2 (3:42)
Остин Лејн – Џастин Тафа – без одлука (случајно бркање на око), Р1 (0:29)
Дејвид Онама – Габриел Сантос – КО (удари), Р2 (4:13)
Брендан Ален – Бруно Силва – завршница (гушење од позади), Р1 (4:39)

Воведни борби:
Нил Мањи – Филип Роу – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Ренди Браун – Велингтон Турман – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Матеуш Ребецки – Лоик Раџабов – ТКО (удар), Р2 (2:36)
Табата Ричи – Џилијан Робертсон – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Џошуа Ван – Жалгас Жумагулов – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Хозе Марискал – Тревор Пик – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Џек Џенкинс – Џамал ​​Емерс – поделена одлука (27–30, 29–28, 29–28)
Седрик Думас – Коди Брундејџ – едногласна одлука (30–27, 29–28, 30–27).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО