Ѕвездата на Белатор Веном-Пејџ потпиша за Дејвид Хеј

Хејмејкер рингстар, заедничкиот потфат на Дејвид Хеј и промоторот Ричард Шифер ги претстави новите борци.

Покрај тоа, потпиша и договор со телевизијата УКТВ, најголемиот дистрибутер на програми на Островот.

Спрема тригодишниот договор годишно ќе се емитува пет бесплатни настани.

На нив ќе се борат и најновите засилувања: сребрениот од Олимписките игри во Рио, тешкашот Џо Џојс, олимпиецот Кјаис Ешфек, Шкотот Вили Хачисон и ММА борецот и ѕвездата на Белатор Мајкл Пејџ – Веном (отров).

Шефот на Белатор Скот Кокер потврди дека покрај настапите за неговата промоција англискиот борец и ќе боксира. Пејџ треба да дебитира пред крајот на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО