Првиот сениорски медал за Македонија – ката тим на ЕП 2005 (ВИДЕО)

2005 година ќе биде запишана со златни букви македонската карате историја, тогаш женскиот ката тим го освои првиот сениорски медал за Македонија на Европското првенство во Тенерифе, Шпанија.

Бронзениот медал (единствен до сега) во кати екипно во сениорска конкуренција на 40-тото Европско првенство во Тенерифе го освоија: Тамара Рибарска, Симона (Тасевска) Трајкоска и Ивана Димитрова под водство на нивниот тренер и селектор, шихан Живко Тасевски.

Тогаш многу тешко се доаѓаше до видео материјали, затоа сега премиерно ќе ја пуштиме снимката од историската победа за бронзениот медал на Тамара, Симона и Ивана. Да се надеваме дека наскоро ќе имаме и нов медал во екипна конкуренција.

По медалот во 2005 година чекавме две години за ново одличје на Иво Цветковски, а потоа следеа Наташа Иливеска, Жарко Арсовски, Сашко Арсовски, Ардита Исеини, Емил Павлов, Мартин Несторовски итн, за годинава да освиме два медала сребрен Берат Јакупи и бронзен Јована Георгиева. Со европски титули се закитија Наташа Илиевска и Емил Павлов, додека Павлов и Несторовски се носители на бронзените медали од првите Европски игри во Баку, Азербејџан, во 2015 година,

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО