Халил Зубаиров во категоријата до 86 килограми стартуваше со победа на Европското првенство во Полска за младинци до 23 години. Зубаиров го совалада со 11-1, односно техничи туш за 2 минути и 57 секунди Медвед Гази од Бугарија.
Зубаиров во осминафиналето сигурно ја водеше борбата без поголеми оптоварувања. Најпрво поведе со 1-0, па 3-0, за на 1:54 минути да има предност од 7-1.
Наредениот противник Зубаиров го чека од средбата Александар Хуштин (Белорусија)-Илија Арчаја (Украина).
Бехар Махмути (-70 кг) е поразен со минимален резултат од 2-1 од Унагерцот Сомбор Гулјаш. Најпрвин поведе Унагрецот со 1-0, па изедначи Махмути на 1-1, за во финишот да победе Гулијаш со 2-1. Махмути не успеа да ја смине борбата на партер, па така неговиот противник цело време го држеше на растојание и во фат во стоење. Притоа нашиот репрезентативец заработи и две казни. Така, испуштена е приликата за пласман во полуфиналето и борбата за медал.
Претходно Јасин Реџелари беше поразен во осминафиналето од Бугаринот Стефан Иванов со 19-8.
Кај Реџелари се забележауваше дека нема свежина и некои акции не ги заврши до крај, што можеа да му донесат пресврт во мечот, бидејќи Иванов поведе од самиот старт на борбата, за да стигне до 7-1. Потоа со залагање на Реџелари се намали разликата на два поени 9-5, но Иванов не се даваше и го конктролираше резултатот. По 7-1 вака се движеше резултатот 7-3, 9-3, 9-4, 9-5, 11-7, 13-7, 15-7, 15-8,17-8 и 19-8.