Зоран Колевски е балкански шампион во џиу џицу, втор златен медал за Македонија (ВИДЕО)

Зоран Колевски го освои вториот златен медал за Македонија во џиу џицу на Балкан опен во Атина. Колевски забележа четири победи од кои три со фул ипон, а во финалето славеше против Шапенцот Алфонсо Рамос и славеше со фул ипон.

Во оваа категорија до 62 килограми во џиу џицу фајтинг настапи и Данил Николиски и го освои 9.место. Ова е потешка категорија за Николиски кој требаше да се до 56 кг.

Да потсетиме, вчера Катерина Ацевска во сениорска конкуренција во категоријата над 70 кг се закити со златен медал.
Утре настапува Антонио Стојчески, од кого се очекува третиот медал за Македонија.
Покрај членките на Балканската федерација, на турнирот учествуваат уште 13 држави со 1329 борци.
Резултати Балкан опен:
У-18
+70 кг
Марија Треневска Марија Балјак (БиХ) 9-19
-69 кг
Антонио Стојчески – Стаматиос Констатинос Пасас (Грција) 0-50
Репасаж
Антонио Стојчески – Христос Спатопулос (Грција) 12-25
У- 21
-62 кг
Зоран Колевски – Алекс Гундерсон (Швајцарија) 50-0
Зоран Колевски – Андреј Кристијан Стан (Романија) 11-4
Зоран Колевски – Константинос Баласкас (Грција) 50-0
Финале
Зоран Колевски – Алфонсо Рамос (Шпанија) 50-0
Данил Николиски – Даниел Флуек (Швајцарија) 50-0
Данил Николиски – Стаматос Боикос (Грција) 8-18 9.место
Репасаж
Данил Николиски – Тибор Гајиќ (БиХ) подобар вкупен скор за Гајиќ



