ЗНМ избра: Емил Павлов најдобар спортист на Истокот!

Шампион
Павлов

Каратистот Емил Павлов е избран за најдобар спортист на источниот дел на Македонија во изборот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) – регионален центар „Исток“.

Изборот е направен во склоп на манифестацијата „Најдоброто од истокот“ во организација на ЗНМ-регионален центар „Исток“, во кој членуваат 45 новинари од 12 општини. Новинарите ги избраа најдобрите репрезенти во повеќе области: образование, стопанство, животна средина, култура, туризам, спорт, општествена одговорност…

На Емил Павлов му се доделува признанието поради шампионската титула на сениорското Европско првенство 2014 година во Финска. Годинава Павлов го освои петото место, со што обезбеди учество на првите Европски игри во Баку-Азербејџан, што ќе се одржат во јуни. Тој, воедно е и државен првак во категоријата до 60 кг.

Свеченоста на манифестацијата ќе се одржи на 8 мај во Виница во ресторанот „Александар парк“ со почеток во 20 часот.

ipon.mk/В.Д.

ZNM za Pavlov

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО