На силниот меѓународен карате турнир „Трбовље 2014“ во Словенија каратистите на Тигар од Скопје освоија зллатен и бронзен медал. Александар Неделковски беше најдобар во изведбата на кати за натпреварувачи од 12 до 13 години, додекиа Ана Савиќ во категоријата над 54 килограми во борби мораше да се задволи со бронзениот медал.
Ова е убав успех на одбраната екипа на КК Тигар ако се знае дека на турнирот учествуваа 698 натпреварувачи од 14 земји. Ова е 42 издание „Трбоље 2014“ и е еден од поквалитетните турнири.
ipon.mk/В.Д.