Злато за Ива Пецевска и три бронзи за Македонија на Балканското карате првенство

Ива Пецевска го освои златинот медал на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Риека, Хрватска, во јуниорска конкуренција до 48 килограми. Ова е четврти медал за Македонија по првиот натпреварувачки дена на Блаканското првенство.

Пецевска во финалето славеше против Лана Коцкаревиќ од Хрватска со 2-1. На патот до златото Ива ги победи Магдалена Весиќ (БиХ) 3-0, Мирто Георгулеа (Грција) 4-2, Хатиџе Сена Кајаџан (Турција) 3-1.

Бронзени медали освоија: Симон Петрески -76 кг јуниори, Андреј Ангеловски  -76 кг јуниори и Рушити Реџеп -63 кадети.

На Балканското првенство настапуваат вкупно 731 натпреварувач од 13 земји.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО