Јиржи Прохаска во очи на мечевите се подготвува во природа, а во текот на тренингот 500 пати удира во дрво

Јиржи Прохаска обожува да тренира во природа, а тоа го покажа во една објава минатиот месец. Имено, 29-годишниот чешки борец објави видео на кое покажа како се удира во дрво наместо во вреќа.

Секако дека удирањето во вреќа за вежбање или дрвото околу кое е обвиткано со таков сунѓер не е исто. Неодамна, во интервју, Прохаака се обиде да објасни што сака да постигне со ова.

„По таков тренинг сте цврсти како карпа, тоа е добро за телото. Јас сум многу поопасен и мојата техника е многу подобра“, изјави Јиржи Прохаска и додаде:

„На тој тренинг погодив околу 500 пати, а потоа се префрлам на вреќата за вежбање. Но, тоа ќе биде премногу лесно. Немам време за пауза. Ако сакате да покажете нешто ново и лудо во борба тогаш мора така да се подготвите“.

Чехот сега го чека напад на титулата во полутешка категорија против Гловер Тешеира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО