Злато за Фати Вејсели и сребро за Увејс Фјезулау на Балкански пеливански турнир во Бугарија

Изминатиов викендот (27-28 мај) во областа Руен, Бугарија, се одржа голем Балкански пеливански турнир – Народни борби и (мазни борби- пеливанско борење) македонските претставници освоија два одличја – Фати Весели златен медал во трета категорија (бујукорта) и Увејс Фејзулау сребрен во вторта категорија (башалти).

Учесници на турнирот беа Романија, Македонија, Моладавија, Грција, Турција, и Бугарија со вкупно 370 спортисти.

Пеливанската Федерација беше поканета од страна на градоначалникот на Општина Руен, Исмаил Осман, односно, беше поканет претседателот на нашата Федерација, Хамид Бакија.

Претседателот на ФПБСМ Хамид Бакија доби плакета од градоначалникот на Руен – Исмаил Осман и на истиот  му  беше доделено призанание за успешното организирање на турнирот во традицонално борење.

„Голема беше честа да се присуствува на ваков величествен турнир и секоја чест за орагнизаторите – како пример  како се негува традиционалниоит спорт во соседните и во  останатите држави. На оваа меѓународна традиционална манифестација со каков интерес се следеше спортот од еминетни личности, како пример, присутни беа 27 народни пратеници на Бугарија  и тоа  од различни партии, 18 градоначалници, исто така од различни патрии, голем број на бизнисмени, партиски лидери и други личности.

Ваков пример би сакале и во Македонија да се случува кога е од интерес за традицијата, културата, спортот. Само како пример и со надеж дека и кај нас ќе се подигне свеста на нашите  високи функционери и државници  да даваат поголема подршка за спортот, традицијата, културата и друго“, рече претседателот Хамид Бакија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО