Ѕвезда на УФЦ ќе плаќа по 4.000 долари за издршка на нејзиниот поранешен сопруг

Една од ѕвездите на УФЦ во сламка категорија, Мекензи Дерн, ја загуби правната битка со нејзиниот поранешен сопруг околу издршката на децата, објави ММА Фајтинг.

Дерн и Весли Сантос се обвинија меѓусебно за семејна злоупотреба, но доказите во тој дел од нивната тужба не беа доволни ниту за да се осудат.

Сепак, сопругот победи во неговото барање да добие отштета од 10.000 долари и 4.000 долари за издршка.

Потсетуваме дека Мекензи Дерн забележа уште една победа во УФЦ на 20 мај, кога се справи со Анџела Хил на главниот настан во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО