Новинарите Атанас Костовски, Зоран Михајлов и Агим Касаполи, како и МТВ 1 и Алсат М се добитиници на овогодишниот „Златен олимписки оскар“ што ги доделува олимпискиот шампион Шабан Трстена на личности, инситуции и новинарски куќи кои ја следеле и ја помогнале неговата богата кариера.
Свечената церемонија на доделување на Златните олмписки оскари се одржа денеска во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
„Прогласен сум за најмлад шампион во историјата на олимпизмот на 19 – годишна возраст, затоа и се чувствувам горд што во 122 години олимпизам, што до ден-денес останувам носител на рекордот, најмлад освојувач на златен олимписки медал. Исто така, четири години подоцна на следната олимпијада во Сеул во 1988 година, повторно се искачив на пиедесталот, овој пат освојувајќи го сребрениот медал. Два пати сум прогласен за најдобар борач во светот и во Европа, и тоа во олимписките години 1984 и 1988, спортист на 20. век во Република Македонија, седум пати најдобар спортист на Македонија и 10 пати најдобар спортист на град Скопје. Прогласен сум за најдобар спортист во поранешна Југославија во олимписката 1984 година“, посочува Трстена на неговата богата спортска историја.
Да потсетиме дека минатата година за прв пат беа доделени Златните олимписки оскари, а добитиници беа претседателот на МОК, Васил Тупурковски, Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт, поранешниот селектор на боречката репрезентација, Насе Насев, Милош Вучидолов – доктор на репрезентацијата и Хајруш Синани, како негов тренер.
Ipon.mk