Татко му на Хабиб откри кој може да му биде следен противник

86

Абдулманап Нурмагомедов, таткото на ММА борецот Хабиб Нурмагомедов, се изјасни за можните санкции кои може да ги добие неговиот син, а освен тоа најави и кои се евентуалните идни ривали.

„На Мек Грегор сега треба една година да се подготови. Прво, Хабиб ќе има казна од 4 до 6 месеци. Сепак, ќе мораме да се одмориме 3-4 месеци. Ако го сторат тоа 6 месеци, што ќе правиме тогаш? Треба да се придржуваме до казната, но тоа не е страшно.

Фергусон? Сега има двајца борци кои имаат 11 победи. Легендата Жорж Сент Пјер. И тој и другиот – во секое време, во секоја држава. Сметам дека Фергусон сегас е согласува за борба“, изјави Абдулманап во интервју за емисијата „Сите на меч“ на ТВ Мач.