Златниот гонг за Арменд Џоџај, Идриз Бислими најдобар македонски боксер!

Dzodzaj zlaten gong2015-11-14 15.20.29

Арменд Џоџај од Косово го совои „Златниот гонг“, додека Идриз Бислими е најдобриот македонски боксер, кој го победи шампионот на Англија, Блејн Хиланд.

Арменд Џоџај прикажа одлична борба во финалето со Велшанецот Коди Дејвис, посебно во последните две рунди.

„Протривникот беше добар, затоа сфатив дека мора да дадам се од себе, па зато аи форсирав во пресотанатите две рунди“, изјави Џоџај, кој има 40 борби и 38 победи.

За најдобар техничар е прогласен Денис Нурија, а за најборбен Насер Шалја, додека за најдобар странски боксер принанието му прпадна на Кристофер Бурке од Англија, Англичанецот Хиланд Бланд е најупешен тренер и Петре Неделковски беше прогласен за најдобар судија.

Преостанатите наши боксери Сулејман Исак (со прекин), Осман Демиров и Гоце Јанески беа поразени. Очигледен беше недостатокот на борби, но и на кондиција.

Во секој случај, мора да се пофали боксерот Таулант Зајми од Албанија, кој во двата дена прикажа извонреден бокс и беше кандидат за Златниот гонг.

Screenshot 2015-11-14 16.09.43

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON