Кличко: Се обидував да дојдам до појасот на ВБЦ и да ги обеднинам сите титули, но поради внатрешнта политика тоа беше оневозможено

Generated by  IJG JPEG Library
Generated by IJG JPEG Library

Владимир Кличко во Австрија се подготвува за борбата со Тајсон Фјури.

Владетелот во тешка категорија гледа во иднината и е отворен за борби со непоразените Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер.

„Ентони Џошуа прво се бори со Дилијан Вајт на 12 декември. Ајде да одиме чекор по чекор. Прво треба да се справам со Фјури, а Ентони треба да си ја заврши работата, па ќе видиме догодина“.

„Се обидував да дојдам до појасот на ВБЦ и да ги обединам сите. Поради внатрешната политика во боксот, тоа не беше можно и Дионтеј Вајлдер е шампион“.

„Него го чека задолжителниот предизвикувач, Александар Поветкин, а потоа ќе видиме. Очигледно, тоа би било убаво да се обединат сите наслови“, рече тој во интервју за Скај спортс.

„Најголемата закана и најопасен, најдоминантниот тешкаш седи во пред оваа камера. Борбата против самиот себе е најлошата, бидејќи кога се борите самиот со себе, говорејќи философски, ќе победите или ќе изгубите, но се борите со најсилниот противник“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО