Петар Спасеновски покажа нешто, но Македонија се уште е без медал на СП

MKD na SP karate Dazkarta

И денеска не беше бериќетен денот за македонските каратисти на Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Џакарта, Индонезија. Дене настапија петмина Македонци, но никој од нив не успеа да оствари позабележителен пласман

Најуспешен беше Петар Спасеновски(+76 кг, јуниори) со три победи и еден пораз, по кој беше елиминиран од понатамошните борби. Тој ги победи Зандер Бруинс од Јужна Африка со 4-0, потоа Кевин Вагнер од Швајцарија со 3-1, со судиско прегласување го мина и Мексиканецот Алехандро Хесус Гарсија, откако дуелот им заврши без победник, 0-0, но во следната борба беше поразен од Германецот Марсел Браун со 0-2.

Во конкуренцијата на јуниори до 21 година Адил Мехмед (- 67 кг),  уште на стартот испадна со судиско изјаснување по нерешениот меч против Филип Бибериќ од Луксембург (1-1).

Азиз Исмаил (- 75 кг, У-21) во првото коло беше слободен, во второто го победи Тевата Таманигаунатавамаду од Фиџи со 4-0, но во третото коло налета на Англичанецот Џо Келевеј, од кого загуби со 0-5.

Во младинска конкуренција на татамито во Џакарта излегоа и Стефан Костиќ (до 68 кг) и Доан Османи (до 76). Костиќ во првото коло загуби од Ирачанецот Ал Најар Абдула со 0-4, а Османи е елиминиран со судиска одлука од Украинецот Андриј Торошанко, откако мечот заврши 1-1.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО