Златни медали за Берат Јакупи и Мурсељ Месини, сребрен за Вероника Костовска на Балканското првенство (ФОТО)

390

Берат Јакупи (-84 кг) и Мурсељ Мисини (-75 кг) станаа блакански шампиони, а Вероника Костовска (-61 кг) вицешампионка, додека Наташа Стефановска (-61 кг) и Азиз Исмаил (-75 кг) освоија бронзени медали.

Берат Јакупи во финалето на Балканското карате првенство за сениори во Истанбул, Турција, го совлада Никола Маловиќ (Црна Гора) со 6-1, а Мисини славеше со судиско изјаснување против – Блодин Пакаштица (Косово) откако борбата заврши 0-0. Костовска во финалето загуби од Бугарката Ивет Горанова со 0-3.

По првиот ден Македонија освои пет медали – 2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени и е на третото место по Турција со 39 (13-12-14) и Црна Гора 4 (3-1-0).

На Балканското настапуваат 314 каратисти од 11 земји.

Ова првенство ќе го дефинира списокот на репрезентацијата за Европското првенство во мај во Нови Сад.

Резултати

Ката жени
Пуликсенија Јованоска – Влатка Киук (Хрвастка) 2-3
Маријана Димоска – Бисерка Радуловиќ (Црна Гора)
Репсаж
Маријана Димоска – Ника Јукиќ (Хрватска) 4-1
Маријана Димоска – Нур Ај Бејза (Турција) 5-0
За бронза
Маријана Димоска – Бојана Младезиќ (Србија)

Мишела Димоска – Миа Рогановиќ (Црна Гора) 3-2
Мишела Димоска – Катарина Пиперин (Србија) 1-4

Кати мажи
Ферри Исиќ – Стефан Сувајчевиќ (Србија) 0-5
Георги Бановски – Атила Братинцки (Романија) 5-0
Георги Бановски – Енес Ибрахим Сефа (Турција) 0-5
Александар Спасовски – Богдан Бонев (Бугарија) 2-3
Јован Васиќ – Андрија Станковиќ (Србија) 0-5

-61 кг
Вероника Костовска – Дијана Милјаниќ (Црна Гора) 2-1
Вероника Костовска – Ајбуке Нур Пунар (Турција) 7-1
Вероника Костовска – Делфина Тадиќ (БиХ) 4-2
Вероника Костовска – Наталија Станојевиќ (Србија) 6-0
Финале
Вероника Костовска – Ивет Горанова (Бугарија) 0-3

Наташа Стефановска – Аделина Рама (Косово) 0-0
Наташа Стефановска – Милица Гарибовиќ (Србија) 6-0
Наташа Стефановска – Ивет Горанова (Бугарија) 0-1
За бронза
Наташа Стефановска – Јелена Максимовиќ (Црна Гора) 2-2

-68 кг
Ангела Мојсовска – Саније Коџали (Турција) 3-0
Ангела Мојсовска – Белма Омеровиќ (БиХ) 2-0
Ангела Мојсовска – Ивана Бебек (Хрватска) 0-2

Бојана Манева – Румејса Јилдиз (Турција) 1-1
Бојана Манева –Марина Раковиќ (Црна Гора) 0-2
Репасаж
Бојана Манева –Марина Радичевиќ (Србија) 0-1

Моника Стефановска – Сања Цвркота (Србија) 0-3
Блерта Беќири –Василица Бујиќ (Црна Гора) 3-2
Блерта Беќири – Анита Тадиќ (БиХ) 1-2

-67 кг
Ненад Ќелебиќ – Берк Ерол (Турција) 0-4
Роберто Ацковски – Рајли Муколари (Албанија) 2-3
Давид Петков – Лука Кондиќ (Хрватска) 1-3
Димитар Иливески – Васил Ривов (Бугарија) 2-3

-75 кг
Азиз Исмаил – Ригенц Куруцку (Албанија) 5-0
Азиз Исмаил – Јусуф Сулиќ (БиХ) 5-1
Азиз Исмаил Мурсељ Мисини 1-4
За бронза
Азиз Исмаил – Марин Бркиќ (БиХ) 2-1

Мурсељ Мисини – Доган Атес (Турција) 0-0
Мурсељ Мисини – Марин Бркиќ (БиХ) 2-0
Мурсељ Мисини – Стефан Петков (Бугарија) 8-0
Мурсељ Мисини – Азиз Исмаил 4-1
Финале
Мурсељ Мисини – Блодин Пакаштица (Косово) 0-0

Доан Османи – Менсур Џозиќ (БиХ) 4-4
Петар Заборски – Маријан Логурушиќ (Хрватска) 0-0
Петар Заборски – Хаки Озбај Ибрахим (Турција) 2-0
Петар Заборски – Беким Баша (Албанија) 0-0

-84 кг
Берат Јакупи – Матија Матијевиќ (Словенија) 1-0
Берат Јакупи – Алвин Карачи (Косово) 1-0
Берат Јакупи – Вук Поповиќ (Црна Гора) 2-0
Берат Јакупи – Звонимир Живковиќ (Хрватска) 4-0
Финале
Берат Јакупи – Никола Маловиќ (Црна Гора) 6-1

Петар Спасеновски – Анес Цонго (БиХ) 0-2
Виктор Крстевски – Звонимир Живковиќ (Хрватска)

+84 кг
Жарко Арсовски – Мухамет Каја (Турција) 1-0
Жарко Арсовски – Дорде Тесановиќ (Србија) 1-1
Семир Ќосовиќ – Карло Рагуз (Хрватска) 2-2

Ipon.mk