Златко Петровски: Во Битола ќе славам во првата рунда!

zlatko-petrovski-ngujen-plakat-isfa

На 3 декември во Битола на Европското првенство во но ги граплинг и ММА за аматери во организација на промоцијата ИСФА и Игор ММА од Битола, во официјалните борби ќе настапи и еден од нашите најдобри борци, мајсторот во бразилско џиу џицу, Златко Петровски, кој во низа има пет победи.

zlatko-petrovski-so-pehar

Петровски ќе се сретне со Тоан Нгујен од Бугарија во лесна категорија.

Првите негови зборови за оваа борба беа:

„Јас ќе победам во првата рунда“.

Инаку Петровски има по ред пет победи,а последната беше во Германија, каде што настапува за Тим Кобрас. Секако дека и битолската публика е предизвик за секој борец.

„Секако, мојата мотивација е да се борам и во Македонија. Имам пет победи и сум без пораз. Но, според броењето на Шердог, имам три победи, сите со сабмишн во првата рунда“, вели Петровски, при што и се заблагодарува на Тимот Магнус и Андреј Георгиев, како и на Тимот Кобрас од Германија, со уверување дека ќе слави во правта рунда.

zlatko-petrovski-vo-akcija

Бидејќи настапува за Кобрите од Германија, очекувањата се поголеми.

„Дефинитивно е добро што Македонците одат да се борат и очекувам во друга земја да имам голем успех во кариерата и се надевам и таму ќе победувам во првата рунда“, истакнува Петровски, наведувајќи дека во иство време ќе се бори и за Адреналин и Магнус, за што посебно му се заблагодарува на Дејан Митровски – Урко.

ИСФА – Битола:

лесна

Филип Божиновски (Македонија) – Илија Иварлак (Романија)

Златко Петровски (Македонија) – Тоен Нгујен (Бугарија)

бантам

Теодор Буколов (Бугарија) – Даниел „Тигар“ Неделков (Бугарија)

средна

Борче Телевски (Македонија) – Делчо Димитров (Бугарија)

Веселин Вучев (Бугарија) – Тони Маркулев (Бугарија)

велтер

Виктор Александров (Бугарија) – Владислав Генов (Бугарија)

Живко Стоименов (Бугарија) – Блажо Дардов (Македонија)

Станислав Енчев (Бугарија) – Данијел Арангеловиќ (Србија)

леснотешка

Димитар Димитров (Бугарија) – Андерс Ериксон (Шведска)

перолесна – борба за европската титула на ИСФА

Ристо Димитров (Македонија) – Амел Шабановиќ (Црна Гора)

 Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО