Златен медал за Силвио Мировски на Светскиот кик бокс куп во Будимпешта

Силвио Мировски го освои второто злато за Македонија на 29. Унгарски Светскиот куп бокс во Будимпешта, Унгарија. Нашата репрезентација се закити со 5 медали – 2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени.

Мировски во финалето гопобеди и вториот украински кикбоксер Иван Боротаји со 3-0. Претходно во полуфиналето славеше над Украинецот Владислав Камзирчук со 3-0.

Претходно денес Марија Димовска освои златен медал со победата над Тријада Антупулу 3-0. Антонио Трендов се закити со сребрен медал откако во финалето загуби Бартоломеј Слежински (Полска) 0-3.

Вчера Калин Бабоски го освои вториот бронзен медал во лоу кик до 60 килограми. Во полуфиналето загуби со поделена одлука од Украинецот Бохдан Ленко 1-2.

Кикбоксерите во лоу кик во целост ја оправдаа довербата на селекторот Дејан Митровски, бидејќи сите медали се освоени во оваа дисциплина, и тоа од помлади и постари јуниори.

А завчера Александар Димовски – Димса освои бронза во кик лајт.

На Светскиот куп настапуваат 2272 кикбоксери со 3339 натпрварувачки влезови од 382 тима од 50 држави.

Резултати Унгарски Светски куп:

Лоу кик
Млади јуниори
-60 кг
Калин Бабоски  – Олег Боијаринтев (Молдавија) 3-0
Полуфнале
Калин Бабобски – Бохдан Ленко (Украина) 1-2 бронза

-81 кг
Антонио Трендов – Милош Војиновиќ (Црна Гора) 3-0 ½ финале
Финале
Антонио Трендов – Бартоломеј Слежински (Полска) 0-3 сребрен

-60 кг
Марија Димовска – Антиклеија Симици (Грција) 3-0 ½ финале
Финале
Марија Димовска –Тријада Антупулу (Грција) 3-0 злато

Постари јуниори
-71 кг
Силвио Мировски – Владислав Камзирчук (Украина) 3-0 ½ финале
Финале
Силвио Мировски – Иван Боротаји (Украина) 3-0 злато

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON