Златен медал за Мила Рељиќ на „Хереа опен“ во Софија (ФОТО)

Мила Рељиќ (-68 кг) од Такевондо клубот Тигри од Скопје го освои златниот медал во јуниоркска конкуренција А класа на силниот Меѓународен турнир „Хереа опен 2018 во Софија, Бугарија, изминатиов викенд на кој настапија над 1000 натпреварувачи од 10 земји.

„Мила доминираше над своите противнички, победувајќи во полуфиналната борба со високи 35-4 и во финалето со 14-4. За бронзената медалистка од последното Балканско првенство ова е трет меѓународен златен медал оваа година“, велат од клубот.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО