Александар Илиевски од Џиу џицу клубот „Осенсеи“ од Штип гоосвои златниот медал на Меѓународниот турнир „Алексинац опен 2015“. Тој се натпреваруваше во категоријата над 60 килограми за надежи.
Неговите клупски другари Филип Денков (-40 кг) во конкуренција на деца и Владимир Доневски (-94 кг) во сениорска конкуренција ги освоија третите места во своите категории.
На „Алексинац опен 2015“ учествуваа 250 натпреварувачи од осум држави. Турнирот се бодуваше и за Јадранската џиу џицу лига.
ipon.mk/В.Д.