Два сребрени и четери бронзени медали за Дан-Кју на „Алексинац опен 2015“!

dan kju i osensei na Aleksinac 2015

Дан-кју од Скопје се враќа со шест медали од џиу џицу турнирот „Алексинац опен 2015“ во Србија, кој воедно се бодува и за Јадранската џиу џицу лига.

Dan kju alkesinac 15

Александар Трајковски и Ангела Трајковска освоија сребрени медали, а Дарко Трипуновски, Никола Бошковски, Зоран Колевски и Јаким Колевски освоија бронзени медали.

На турнирот учествуваа 250 натпреварувачи од осум држави.

dan kju ace aleksinac 15

Во првото коло од Јадранската џиу џица лига македонаката екипа Осенсеи Балекс  се сретна со екипите на САЈ, НиФ Алексинац и Српска.
„Оваа година екипата (Осенсеи Балекс) е засилена со двајца борци од Клубот за џиу џица Дан-Кју од Скопје и тоа во категориите сениори -62 и -69 кг. Во сениори -62 настапува Александар Трајковски, а во категоријата сениори -69 Никола Бошковски. Посебно за истакнување е настапот на Александар Трајковски, кој во трите дуели имаше три победи, две службени и една со резултат 13:9. Ова е една исклучително силна Лига, поради тоа што во екипите се одбрани најдобрите борци од таа држава“, изјави селекторот Александар Ацевски.

Второто коло од Лигата е во Сараево, а финалето е на 7 ноември во Скопје. Одговорен за нашата екипа е Виктор Велинов.

dan kju zeni na alkesinac 2015

Зоран Ристески судеше на „Алексинац опен 2015“, кој од оваа година е избран да суди во Јадранската џиу џица лига, заедно со тројцата, во моментов најголеми имиња, а тоа се Карл Келц од Словенија со WORLD A лиценца, Јанош Копас од Србија со CONTINENTAL A лиценца и Бојан Јовиќ од Република Српска со CONTINENTAL A лиценца.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО