Златен медал за Хамза Јашари на Европскиот џдуо куп во Загреб

Хамза Јашари (-66 кг) повторно е во елемнт, го освои златниот медал на Европскиот кадетски куп во џудо Загреб 2018, со скор од 5 ипони и 2 вазарија во конкуренција на 86 натпреварувачи во неговата категорија. Ова е втор медал на Хамза од Европските купови годинава.

Поденосниот од Јашари го започна против Домагој Хлапчиќ од Хрватска со ипон, следеше победата над Адам Оксаи (Унгарија) со ипон и вазари, па Фабијан Канси (Германија) и Јакоб Висингер (Австрија) со ипон. Во полуфиналето славеше против Дмитри Козлов од Русија со вазари и во финалето со ипон славеше против Самуел Гаснер (Австрија).

Хамза Јашари на првиот настап годинава го освои сребениот медал на Европкиот кадетски куп во Фолоника – Италија.

Минатата година го освои историскиот златен медал за Македонија на еден Европски џудо куп за кадети во Гиор, Унгарија.

Во категоријата до 60 кг Хусеин Резарт беше поразен од Французинот Максим Гоберт со ипон. Утре настапува и Еди Шерифовски (-73 кг) и се очекува добар настап и од него.

-66 kg
1. JASHARI, Hamza (MKD)
2. GASSNER, Samuel (AUT)
3. CUK, Mateo (GER)
3. PENA INSAUSTI, Javier (ESP)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО