Жуниор дош Сантош: Се надевам дека овој пат Оверем нема да падне на допинг тестот!

junior-dos-santos-broken-hand

Од УФЦ и официјално го потврдија мечот меѓу Жуниор дош сантош и Алистер Оверем на 19 декември, а „зајадувачките“ повторно почнаа „зајадувањата“ меѓу нив. 

Овој пат на потег беше дош Сантош, кој на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм се зајаде со Оверем за позитивниот допинг тест.

Еве го целиот статус на Бразилецот:

„Нема да лажам, од УФЦ го избраа Оверем за мој противник , а не јас. Но, тоа е одлична шанса да му ја затворам устата еднаш за секогаш. Се надеваме дека овој пат нема повторно да падне на допинг тестот, како што тоа се случи минатиот пат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО