Жулио Цезар Ла Круз олимписки шампион, уште двајца Кубанци во финалето

Zulio Cezar

Трикратниот светски првак Жулио Цезар Ла Круз, се закити и со олимпиското злато.

27-годишниот Кубанец во финалето полутешка категорија со едногласна одлука на судиите (29-28, 29-28, 29-28) го победи на Казахстанецот Адилбек Нијазимбетов, кој беше сребрен на последните Олимписки игри во Лондон и два пати на светските првенства.

Бронзите во полутешка категорија ги освоија Британецот Џошуа Буатси и Французинот Матје Бодерлик.

Zulio Cezar pobednik

Во финалето на бантам категорија ќе се борат Американецот Шакур Стивенсон и олимписки шампион од Лондон во мува категорија Робеиси Рамирез.

Американецот поради кој Флојд Мејведер допатува во Рио во финалето дојде без борба, бидејќи Русинот Владимир Никитин не можеше да се бори во полуфиналето поради повредите здобиени во натпреварот со светски шампион Михаел Конлан. 22-годишниот Кубанец Рамирез за финалето се избори победувајќи го една година помладиот Узбекистанец Мурџон Ахмадалиев со едногласна одлука на судиите.

Кубанецот ќе настапи во финалето во средна категорија. Светскиот шампион Арлен Лопез со 3-0 гопомина Азербејџанецот Камран Шахсуварли и за златото ќе се бори со 20-годишниот Узбекистанец Бектемир Меликузиев. Сребрениот од последното Светско првенство во полуфиналето го елиминира Мексиканецот Миша Озил Родригез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON