Жозе Алдо си ја посипа главата со пепел по поразот од Волкановски

Легендарниот ММА шампион во перо категорија Жозе Алдо – Обележаниот си ја посипа главата со пепел по поразот од Александар Волкановски во саботата вечерта. Бразилецот загуби едногласна одлука на судиите, а тому а беше пети пораз во неговата кариера наспроти 28 победи. Волкановски ја забележа 20-тата победа, а има 1 пораз.

„Во текот на целиот мој живот никогаш не сум се бил толку лош“ – коментира поранешниот шампион на УФЦ и додава:„ Не сакам да се извинам. Свесен сум за моите способности и талент. Не сакам да го одземам вниманието од мојот ривал. Вината е целосно моја. Се заврши и сега се насочувам кон мојата следна борба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО