Жорж Сент Пјер сепак нема да боксира против Оскар де ла Хоја

Поранешниот ММА-борец Жорж Сент Пјер нема да влезе во рингот против легендата на боксот Оскар Де Ла Хоја. Имено, организацијата Трилер сакаше да организира егзибициски меч меѓу двајцата борци, но шефот на УФЦ, Дана Вајт, го спречи тоа, бидејќи ЖСП сè уште е под договор на најсилната ММА организација.

„Тоа можеше да биде многу забавно. Не можам повеќе да станам најдобар на светот и мојата кариера како професионален борец е завршена. Имам 40 години, а тоа е спорт за млади“, рече Жорж Сент Пјер, кој вчера на 19 мај го прослави својот 40-ти роденден.

Канаѓанецот беше воодушевен од понудата, но истакна дека воопшто не го интересира хонорарот за средбата.

„Боксерски меч против легендарниот Оскар де ла Хоја би бил исполнување на мојот сон. Тој е мојот втор омилен боксер на сите времиња по Шугар Реј Леонард“ – рече Жорж Сент-Пјер и заклучи:

„Приходите од таа борба би биле во добротворни цели. Би било добра забава од уште подобра причина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО