Џошуа собира донации, за да му плати на Вајлдер

Ентони Џошуа е подготвен да организира кампања за собирање средства за да собере 20 милиони долари и да му плати на Дионтеј Вајлдер да се откаже од мечот со Фјури. Како што е познато, Тајсон Фјури објави дека Американецот побарал 20 милиони долари за да не го попречува одржувањето на обединувачки меч за сите титули во тешка категорија меѓу двајцата Британци.

Фјури и Џошуа се согласија за борба на 14 август во Саудиска Арабија, но Спортската арбитража пресуди дека Ромискиот крал е должен прво да се бори на третиот меч со Вајлдер.

Џошуа (31) е подготвен да ги преземе работите во свои раце и да ги собере 20-те милиони.

„Размислувам да започнам кампања за собирање на 20 милиони долари за да му платам на Вајлдер да се повлече, за да можам да го претепам дебелкото со слаби нозе надвор од Манчестер.

Тешката категорија има потреба од подкаст во кој ќе се зборува. Бидејќи повеќето не се борат, само зборуваат“, рече Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО