Жорж Сент Пјер издвои двајца борци кои можат да му направат проблеми на шампионот Усман

Камару Усман (20-1) ја освои титулата на УФЦ во полусредна категорија во март 2019 година кога го победи Тајрон Вудли со едногласна одлука на судиите.

Нигериецот оттогаш ја одбрани титулата уште пет пати против Колби Ковингтон и Хорхе Масвидал и Жилберт Барнс.

Има многу кандидати кои би сакале да го симнат Усман од тронот, а легендарниот Жорж Сент Пјер издвои двајца.

„Камару моментално е најдобриот борец во дивизијата, но тоа не значи дека е непобедлив. Тој секогаш мора да биде во врвна форма. Тешко е да се стане шампион, а уште потешко е да се одбрани титулата“, изјави Жорж Сент Пјер и продолжи:

„Тој изгледа фантастично во топ форма. Но, има неколку борци против кои би имал проблеми, првенствено мислам на Хамзат Чимаев, а можеби и на Леон Едвардс. Усман досега беше многу енигматичен за своите противници и никогаш не ги потцени. Тој е неверојатен борец и мора да тренира за секој меч како да е негова борба во кариерата“.

Канадската ММА легенда девет пати по ред го бранеше шампионскиот појас на УФЦ во полусредна категорија, а кариерата ја заврши со освојување и на титулата во средна категорија.

Усман моментално се опоравува од операцијата на лигаментите на десната рака, а најави враќање во јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО