Жорж Сент Пјер: Ако Ислам го собори Гари на партер, борбата е негова

Легендата на УФЦ и член на Куќата на славните, Жорж Сент Пјер, ги кажа очекувањата за шампионската борба меѓу Ислам Махачев и Иан Мачадо Гари, која ќе биде главна на УФЦ 330 на 16 август.
Според Канаѓанецот, Ирецот е исклучително опасен во стоечка положба, но шампионот од Русија има покомплетен арсенал и ова би можело да биде одлучувачкиот фактор.
„Мислам дека ќе биде добра борба. Иан Гари дефинитивно е тежок противник, многу добар напаѓач“.
Сент Пјер верува дека клучот за победата на Махачев ќе биде да ја однесе борбата на партер.
„Целта на Ислам е да ја однесе борбата на партер и ако може да го направи тоа, ќе има предност. Ако Иан Гари може да ја одржи борбата на нозе, тогаш ќе има предност“.
Сепак, поранешниот шампион во две категории го гледа Махачев како покомплетен борец.
„Очекуваме интересна борба. Но, Ислам има предност во однос на вештините, бидејќи е покомплектен борец. Махачев може сè“.
Шампионскиот судир меѓу Махачев и Гари е меѓу најочекуваните борби во годината.
Русинот ќе ја брани титулата во велтер категорија против претендентот број еден кој се етаблираше како еден од најопасните во дивизијата. Борбата ќе биде главниот настан на УФЦ 330 во Филаделфија, а победникот може да ја зацврсти својата позиција меѓу најдобрите борци во светот, без оглед на категоријата.



