Жорге Линарес (44-3, 27 КО) по трети пат ја одбрани шампионската титула на ВБА во лесна категорија и ја забележа 13-тата последователна победа.
32-годишниот боксер од Венецуела со едногласна одлука на судиите во Лос Анџелес (117-111, 118-110 и 118-110), го победи Филипинецот Мерсито Геста (31-2-2, 17 КО), кој го тренира поранешниот тренер на Линарес, Фреди Роуч.
30-годишниот Геста го изгуби и вториот меч за светската титула. Во 2012 беше поразен со едногласна одлука од Мигел Васкес во борбата за појасот на ИБФ во лесна категорија.
https://youtu.be/PkMa46S_IeA
https://youtu.be/n1bxdGYwdjI
.