Усик: Ова ми беше најтешкиот меч

Украинската сензација во полутешка категорија Олександр Усик призна дека борбата со Маирис Бреидис била најтешка во неговата кариера. Олимпискиот шампион од Лондон не успеа да се држи на соодветна дистанца во подолг период на средбата. Тој беше дочекуван од брзите контри на Летонецот, кој воопшто не заостануваше во размената на ударите.

„Фала му Господ во колекцијата имам уште еден појас. Маирис е силен спортист. Прекрасен спортист. Видовте прекрасни 12 рунди.

Очекував добар меч. Гледав борби на Бриедис. Неговите ривали беа силни. Сè уште не размислувам за семејството, но за тоа откако ќе се вратам дома кај моите деца. Кога ќе дојде време, ќе размусливам за финалето“.

Усик планира следната недела да отпатува за Сочи за да го види другиот полуфинален меч меѓу Русниот Мурат Гасиев и Кубанецот Јуниер Дортикос.

https://youtu.be/hNS7714JeqU

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО