Жоаким Алсин ги закачи ракавиците на клин

Zoakim Alsin

Поранешниот шампион на Светската боксерска асоцијација во супер полусредна категорија, Жоаким Алсин, ги закачи ракавиците на клин. 39-годишниот ветеран ја завршува кариерата со 35 победи (21 со нокаут), 8 порази и 2 нерешени. Канаѓанецот ј многу силно ја започна кариерата, со 28 последователни успеси. Тој ја освои светската титула по победата над Тревис Симс, но ја загуби од Даниел Сантош.

Последниот меч му беше во октомври, кога поразен од Џермел Чарли.

„Многу ми е жал. Повеќе нема да слушам аплаузи од публиката во Монтреал. Тие ми даваа сила на секој меч. Но тоа е минато. Време е да продолжам напред“, рече Алсин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО