Кинескиот боксер, 39-годишниот Жилеј Жанг (25-1-1, 20 КО) го победи две години помладиот Џо Џојс (15-1, 14 КО) со прекин во шестата рунда на настанот во лондонската „Капер бокс арена“.
Тоа беше прв меч за Жанг по поразот во август минатата година од Филип Хрговиќ.
Со победата против Британецот го освои привремениот шампионски појас на ВБО.
„Денешниот ден ми припадна мене и на секој мој обожавател. Имам 39 години, но многу сум дисциплиниран и напорно тренирам. А мојот следен чекор е да ја нападнам титулата“, изјави Жилеј Жанг.
Џојс веднаш тргна со преден директ, но Жанг возврати со контранапад и силно го нападна телото.
Во втората рунда и двајцата си разменија многу удари, а потоа Кинезот одлично го затресе Џојс. Британецот остана на нозе и продолжи да се брани.
На почетокот на третата рунда Џо тргна во напад, а Жилеј чекаше од контра.
Кинескиот борец трпеливо чекаше прилики и повторно почна да задава силни удари и беше поексплозивен.
Оштетувањето на лицето на Џојс веќе беше забележливо, но продолжи да притиска и во четвртата рунда. Изгледаше поконкретно, што не го загрижи премногу Жанг, кој се држеше до тактиката.
Левицата на Жанг постојано ја наоѓаше целта, а на крајот од рундата Џојс повторно беше затресен.
Слично помина и петтата рунда, но сега оштетувањето на лицето на Џојс беше многу забележливо и тој веќе имаше проблеми со гледањето на десното око, а лекарот ја прегледа повредата на паузата меѓу рундите.
Жанг продолжи да удира со кратки директи, а Џојс ја намали брзината.
Откако Кинезот погоди неколку одлични крошеа, на половина од рундата докторот повторно влезе во рингот, и не му дозволи на Џо да го продолжи мечот.
The referee had to call it off ✅
Joe Joyce's eye was not in the best way ❌#FightNight | #JoyceZhang | 📺 BT Sport 1 pic.twitter.com/I4qox7QEgK
— Boxing on TNT Sports (@boxingontnt) April 15, 2023